Thursday, July 16, 2009

Mанастирски туризам пoд Пелистер

Utrinski Vesnik

Број 2957
среда, 08 април 2009

Mанастирски туризам пoд Пелистер

БИТОЛА - Невладината организација „Биосфера“ од Битола ја поведе иницијативата за манастирски и селски туризам во руралните населби на општина Битола. Според Нешат Аземовски, во потпелистерските села се лоцирани голем број манастири што можат да се вклучат во сместувањето на туристите. Еден од најголемите е манастирот „Св. Сотир“ во Буково, каде што има осумдесетина легла.

„Иницијативата започнува од манастирот над селото Буково, поврзувајќи се со манастирските комплекси од селото Горно Орехово, а синџирот продолжува преку северната страна на Баба Планина. Тука се вклучуваат селата Брусник, Дихово, Нижополе, Трново, Магарево и завршува до селото Цапари", појаснува Аземовски.

Во соработка со претставници на Преспанско-пелагониската епархија било констатирано дека во манастирите нема монаси. Но, дека објектите се реновирани и треба да се стават во функција на пошироката јавност.

„Тоа е начинот луѓето да се вратат во природата, во она што значи престој во природа, да уживаат во културата и традицијата“, додава Аземовски.

Развојот на манастирскиот туризам ќе подразбира вклучување и на локалното население кое на посетителите ќе им понуди традиционална и органски произведена храна од Потпелистерието.

„Се' ќе се земе предвид. Се размислува дали тоа ќе биде само сместување, вклучување професионални планинарски водичи или планинарски тури до одредени локации“, вели Аземовски. (А.Б.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=B478E3FBC479064D9D25AE2BB1DA65E8

Конзервиран живописот на црквата „Света Петка“ во Цапари

Utrinski Vesnik
Број 2818
среда, 22 октомври 2008

Конзервиран живописот на црквата „Света Петка“ во Цапари

БИТОЛА - Конечно се реконструира црквата „Света Петка“ во потпелистерското село Цапари по големиот пожар од 1995 година кога целосно беше уништена. Екипи на Завод и музеј - Битола во последните три месеци работеа на конзервација на ѕидното сликарство во храмот.

,,Огнот целосно го уништи ентериерот и покривот. Благодарение на населението се направи реконструкција на таванскиот дел и нов иконостас во резба. Остана недовршена работата со ѕидното сликарство кое, исто така, претрпи огромни штети. Малтерот го загуби сврзливото својство и постоеше опасност целосно да биде уништено“, изјави Ристо Палигора, историчар на уметноста во Завод и музеј - Битола.

Проектот за конзервација на живописот опфати површина од 200 квадратни метри. Зафатот го инвестираше Министерството за култура.

,,Со овој проект успеавме да зачуваме од целосно уништување извонреден фрескоансамбл од средината на 19 век какви што не се многу зачувани во Битолскиот регион, но и пошироко во Македонија. (А.Б.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9AA9F23CD1473C4F8DE1448CF10BA09B