Monday, February 1, 2010

Macedonian American men from Capari fought in World War I

According to Dusan Sinadinoski's Macedonian Yankees in WWI, Christo Grozdanoff, from Capari, was one of the many Macedonian American soldiers to serve in World War I. Because many of the soldiers do not have their villages listed, there may be more Caparchani who served. The official list of soldiers from Ohio can be found in the following document:

Official Roster of Ohio Soldiers, Sailors, and Marines in the World War, 1917 – 18, Vol. I – XXIII, Columbus, Ohio, USA

-------

Macedonian Yankees in WWI
by Dusan Sinadinoski
javascript:void(0)
Soldier list can be found at the end of the document.

http://www.scribd.com/full/18517959?access_key=key-9ud1dnqhk3urar8g8yx


Macedonian Yankees in WWI

Wednesday, January 27, 2010

Водици 2010 во Цапари

Водици 2010 во Цапари

Напишано од Дивна Грданова Караџовска
Вторник, 19 Јануари 2010 15:19

Orbis Bitola

Соединувањето на Човекот со Христос е тоа што православните Христијани денеска го одбележуваат на начин како што тоа го прават кога ја примаат верата- влегуваат во света вода и го бараат крстот.

И во подпелистерското село Цапари традицијата потекнува од времето кога Христијанството стигнало на овие простори. Затоа што за организираниот живот на тлото под планината говорат и разните археолошки показатели – Калето и некрополите од римското и доцно-античкото време.

Денот и во Цапари започна со богослужба, во црквата Св. Великомаченик Георгија.

А продолжи со упатување кон водите на Цапарска река, чии извори се високо во планината на околу 2.300 метри надморска височина. Жителите велат, река од „вода снегојца која се собира од ловечката куќа на Пелистер“.

Реката луѓе кои живеат или се родени во Цапари изоде околу 1 километар, само за да го одбележи празникот како што тоа се правело во минатото.

По молитвите од отец Горан и осветувањето на водата, златниот крст беше фрлен во 20 метри долгиот, 10 метри широкиот и 1,5 метар длабокиот Вистински Вир, место каде цапарчани и сите љубители на природата лете се рекреираат.

Традицијата налага верниците да не го напуштат местото се до моментот на пронаогаѓње на крстот. А овојпат, тоа траеше повеќе од 30 минути. Некои пресметаа 33 и го поврзаа со возраста на Богочовекот – Исус Христос.

Неколку групи млади момчиња се беа пријавиле за скок по крстот. Првата група излезе од вирот по 10 минути- безуспешно.

Наскоро мајки и дедовци ги распрашуваа насобраните кои имаа подобар поглед на водите дали нивните синови и внуци скокнале или, дали веќе излегле.

Дваесеттата минута измина во присечавање на локалната приказна, еднаква на легенда; дека пред 30 или повеќе години крстот заглавил на дното и дека по два дена, откако водата била целосно испуштена од Вирот, со вили бил пронајден. Уште една приказната за упорноста на Цапарци, која ги водела во далечното минато на поробеност од различните армии, воените судири од Првата светска војна, периодот на богатсво, периодот на сиромаштија и печалбарство.

Измина и триеесет и третата минута… Конечно се огласи аплауз, како знак дека крстот се открил на тој што требаше да го пронајде. Владе Врчковски.



Во дневната соба од неговата семејна куќа Врчковски ни објасна дека бил пријавен за скокање во третата група, а кога видел дека претходните не можеле да го најдат, скокнал во Вирот со неколку свои другари. Досега најмалку 5 пати скокал и го барал крстот, но денеска, оваа година првпат „среќата била негова“.

Црквата вели, тој кому крстот се открива во следната година го спознава светото тројство – Отецот, Синот, Светиот Дух, а него и семејството го следат здравје и благосостојба. Во Цапари тој е почесен гостин во секоја куќа.

Врчковски ни кажа дека до крајот на денот со своите другари ќе влезат во секоја куќа, а домаќините ќе ги даруваат – секој колку или што има, можеби само еден муабет. „Сите не очекуваат, а ние мора да влеземе во секоја куќа“ – рече Врчковски, без разлика дали претходно биле замерени.

Ова е само една од традициите кои ги држи Цапарци заедно, без разлика каде се. Многуте цркви, манастирот, погонот на Трикотажата „Пелистер“ се тоа е основата на која се надеваат ќе започне развојот на местото и, 180-те семејства ќе станат два пати или трипати побројни, а населението нема да биде „старо“. Богојавление – Водици е уште еден од бројните собири што се организираат тука.

http://174.133.138.86/~orbiscom/orbis/index.php?option=com_content&task=view&id=11387&Itemid=1