Saturday, January 10, 2009

ВО БИТОЛСКОТО СЕЛО ЦАПАРИ Печалбарите градат конаци под Пелистер

www.dnevnik.com.mk
Број 2850
сабота, 18 март 2006


ВО БИТОЛСКОТО СЕЛО ЦАПАРИ

Печалбарите градат конаци под Пелистер

Иселениците од најголемото битолско село Цапари, кое се наоѓа во подножјето на Баба Планина, под Пелистер, почнаа да ги реконструираат конаците во црквата "Св. Петка" подигната во 17 век, која е во близина на селото.

- Целосно ќе ги реконструираме сите 22 соби и две трпезарии во конаците. Овој ќе биде најубавиот конак под Пелистер и пошироко. Во него ќе вложиме 25 илјади канадски и австралиски долари, донација од иселениците од Цапари, кои живеат во Канада и во Австралија. Ова е најголемото печалбарско село во Битола од кое во дијаспората има многумина успешни луѓе. Затоа сите сакаме да помогнеме и да го разубавиме нашето село - вели бизнисменот од Торонто, Канада, Мајк Роштанковски, кој раководи со акцијата и кој летово два месеца со своето семејство престојуваше во стариот крај.

Овој канадски бизнисмен од македонско потекло, чија фирма од Торонто е овластен одржувач на ентериерите на повеќе канадски оперски, театарски и киносали, вели дека цапарските конаци ќе бидат со ентериер со пристојни стандарди. Според неговите зборови, верниците и гостите ќе имаат хотелско сместување и исхрана, зашто парите од посетите на конаците ќе послужат за нивно понатамошно одржување.

Роштанковски додава дека летово од селото до црквата е изграден и асфалтен пат во должина од еден километар со пари од денационализацијата на црковниот имот и со донации на иселениците.

- За асфалтирањето на патот вложивме 6.450 австралиски и 2.540 канадски долари. Но со овие пари направивме и паркинг за 40 возила пред црквата. Патот беше предаден во употреба за годинашниов верски празник и селска слава Св. Петка на 8 август, во присуство на голем врој верници и иселеници кои присуствуваа на богослужбата во истоимената црква ни дојдоа и гости. Конаците ќе ги пуштиме во следното лето за празникот Св. Петка, до кога ќе бидат целосно завршени - вели Роштанковски.

http://star.dnevnik.com.mk/?pBroj=2850&stID=62127

No comments: