Sunday, November 4, 2007

Цапарчани се збратимија со викинзите од Хоксхед

www.dnevnik.com.mk
Број 2141 сабота, 18 март 2006

МАКЕДОНСКО-БРИТАНСКО ПАРТНЕРСТВО

Селото Хоксхед е едно од најживописните села во Велика Британија





Цапарчани се збратимија со викинзите од Хоксхед
Англичаните им препорачаа на жителите на Цапари да преадаптираат дел од селските куќи во мали апартмани и да го развиваат селскиот планински туризам

Пелистерското село Цапари од неодамна се збратими со Хоксхед, едно од најживописните села во Езерската област на Велика Британија, за кое се смета дека постои уште од каменото доба. Во него прв се доселил викингот Хокар, по кого најверојатно го носи и името, а неговите жители и денес ги ословуваат како викинзи. Четиричлена делегација од Хоксхед неодамна го посети Цапари, а наскоро се очекува цапарчани да ги посетат викинзите.

- Нашата првобитна замисла беше да воспоставиме соработка со село од Југоисточна Европа. Добивавме стотици и стотици предлози дневно од земјите од овој дел на континентот. Но, по разгледувањето на сите, се определивме за Цапари. Големи заслуги за тоа има британската конзулка во Битола, Лилјана Спировска, која ни понуди најисцрпни информации за Цапари и цапарчани. Увидовме дека нашиот Хоксхед има многу сличности со Цапари. Целта на проектот не е да се натпреваруваме со Цапари или на нашите пријатели од ова село да им понудиме еднократна помош и тука се да застане. Напротив, нашата главна цел се соработка и партнерство на долги патеки, размена на информации за доброто на двете села. Сите жители на Хоксхед еднодушно и со задоволство го прифатија овој проект, а тој е благословен дури и од нашиот селски свештеник и од ова партнерство многу се очекува - нагласија Англичаните.

Цапарчани се покажаа како извонредни домаќини. Се натпреваруваа кој посрдечно и потопло да ги пречека пријателите од Хоксхед и да им изнесе на трпезата што повеќе и повкусни македонски и цапарски специјалитети. Ја прошетаа делегацијата до селското училиште, цапарскиот манастир, црквата "Св. Ѓорѓи", малиот битолски Монмартр, Широк сокак и до старата битолска чаршија, а потоа и до Охрид и Крушево. За нивното добредојде во училиштето приредија и културно-уметничка програма со игранка, каде што и викинзите не можеа да останат спокојни, а да не заиграат македонско оро.

Цапарчани добија повеќе идеи за развој на селото. На пример, од селската текстилна фабрика да направат туристички центар, да преадаптираат дел од селските куќи во мали апартмани и да го развиваат селскиот планински туризам зашто се лоцирани во живописниот Пелистер.

- Зближувањето на Цапари и Хоксхед ќе доведе до зближување на Битола до некој од британските градови. Ваквите блиски врски ќе придонесат Европејците уште повеќе да не запознаат и да не засакаат - вели конзулката Лилјана Спировска.


3 comments:

Anonymous said...

caparani se zbratimija no nisto ne postignaa so toa........... tie bea fini luge no nie ne znaevme da go iskoristime nivnoto prijatelstvo..

Nik said...

Republika Capari zakon

Katkar said...

capari zakon!