Pages

Sunday, November 4, 2007

Capari na stranicata Krale Marko

http://www.kralemarko.org.mk/default-mk.asp?ItemID=C5010CA85602F842AED623D10DB35B5F

С. Цапари, Пелистер

Во густата борова шума над која се белеат снежните врвови на Пелистер, на само петнаесетина километри од Битола, на патот кон Ресен се црвенеат ќерамидите од село Цапари. Тесниот асфалтиран пат кој води до селото, кое се спријатели со британското село Хоксхет. На самиот влез од селото може да се видат големите, и по сто години стари куќи на цапарчани, кои повеќе личат на староградски палати со големи прозорци и тераси оградени со ковано железо. Речиси сите се изградени од големи камења кои жителите ги ваделе додека ги копале нивите на кои одгледуваат компири. Цапарскиот компир е познат исто како и јаболката од овој крај.

Поголемиот дел од куќите имаат големи дворови, поплочени со камења, со убави средени паркови, богати со цвеќиња и дрвја. Цапарчани, беа домаќини на викинзите од Хоксхет, едно од најпознатите места по селски туризам во Велика Британија. Нивното село било одбрано затоа што имале, сличната местоположба. Надморска височина од околу 900-1.000 м. Имаат околу 500 луѓе, Друга заедничко нешто е тоа што британското село се наоѓа во најголемата езерска област Лејк Дистрикт, додека селото е во близина на Стрежовското Езеро, како и на планинските Пелистерски Очи и Орлови Бари.

Поголемиот број жители на Цапари, зборуваат англиски, затоа што нема фамилија од која барем еден член не е отиден на печалба. На патот кој води до старата мелница, на самиот крај од селото живее Ристо Веловски, еден од најпознатите препаратори на животни во земјава. Во ходникот од неговата куќа тој во застаклена просторија има околу 50-ина препарирани диви животни, меѓу кои мечка, хиена и кобра во борба. Само еден од сувенирите е издвоен на страна, напишано 1972 г, патка, првото животно што го препарал и го чува како многу драг предмет.

Ретко кој од мештаните знае како селото го добило името. Тие велат дека имаат слушнато приказни дека тоа е останато уште од турско. Во минатото во овој крај се чувале многу кози. Во Цапари немало куќа која немела коза. Па од козјото одење 'цап, цап', дошло и името Цапари. Според нив, млекото не се продавало и од него се правело сирење, исклучиво за потебите на семејството.

можност за посета на: contact@kralemarko.org.mk

http://www.kralemarko.org.mk/default-mk.asp?ItemID=C5010CA85602F842AED623D10DB35B5F

No comments: