Sunday, November 4, 2007

Informacii za selo Capari na Vikipedija

Informacii za selo Capari na Vikipedija.

http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A6%D0%B0%D0%BF%D0%B0%D1%80%D0%B8

------------------------------------

Цапари

Од Википедија, слободна енциклопедија

Цапари е село во рамките на општина Битола, сместено на падините на Баба планина, поранешно седиште на општина Цапари.

Оваа статија поврзана со Македонија е никулец. Може да помогнете со тоа што ќе ја проширите.

Историja

Цапари се споменува уште од 1622-23 год. Во сите записи се се именува со "Цапари". За потеклото на името Цапари постојат две претпоставки:

1. се претпоставува дека потекнува од апелатив (општа именка) цапар (цап) 'јарец' или 'јарци' - козари, од цапар, формирано од зоонимот (име што го носи некој некој животински вид) цап 'јарец', со суфиксот "-ар" + множина-и = цапари - луѓе што се занимавале со одгледување на јарци - кози - козари.

2. името Цапари може да биде патронимско име настанато од топонимизација на родовско-фамилијарно име Цапари, образувано со множинска наставка -и, а во негова основа е прекарот Цапар, сп. со Дивјаци.

Тоа значи името на с. Цапари доаѓа од личното име Цапар - име на старешина на, односно таткото Цапар, а подоцна го добило значењето "место каде што живеат луѓето кои потекнуваат од Цапар" т.е. каде што живее неговото семејство.

Антропонимот Цапар може да биде образуван од прекарот цап 'јарец' со антропонимиски суфикс –ар - значи козар. Лексемата (зборот) цапар како апелатив повеќе не се употребува, истисната е од лексемата козар.Поимот цап има иранско потекло, а други претпоставуваат дека има албанско потекло. Научникот Петар Скок смета дека апелативот цап е е секако претсловенски балканизам (со употреба на балканот), a ce смета дека е илирско-тракиски лексички реликт се употребува лексемата цап во: романскиот јазик, во албанскиот, унгарскиот, во баварско-австриското говорно подрачје, во старомакедонското лексичко подрачје, кое подоцна било преземено и од словените. Лексемата "цап", заедно со балканизмите: бач, бигор, карпа, урда, чука се вборјува во лексичкиот слој на балканскиот јазичен супстрат.

Население и општи податоци

Цапари е планинско село на надморска височина од 1 010 метри, а од градот Битола е оддалечено 15 километри.

Во селото се наоѓаат повеќе општествено-стопански објекти како: осумгодишното основно училиште, фабрички погон, амбуланта, пошта, дом на културата, продавници и ресторан.

Цапари брои 565 жители од кои: 563 се Македонци, 1 е Влав и 1 е Србин.


http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A6%D0%B0%D0%BF%D0%B0%D1%80%D0%B8

No comments: