Pages

Wednesday, January 21, 2009

БИТОЛСКО ЦАПАРИ БЕЗ УЛИЧНО СВЕТЛО

www.dnevnik.com.mk

четврток, 15 јуни 2006

БИТОЛСКО ЦАПАРИ БЕЗ УЛИЧНО СВЕТЛО

Погребалното претпријатие немоќно да ја поправи струјата

Поради дефект што се случи уште зимоска, битолското село Цапари и летото го дочека без улично осветлување, за кое жителите редовно плаќаат сметки

Поради дефект што се случи уште зимоска, битолското село Цапари и летото го дочека без улично осветлување, за кое жителите редовно плаќаат сметки. Од „Електродистрибуција“ велат дека се немоќни да го отстранат дефектот затоа што со децентрализацијата, општината му дозволила на погребално претпријатие да го одржува уличното осветлување.

- Ем плаќаме по 50 денари месечно за улично осветлување ем живееме во темница. Ако изгорела некоја жичка, зарем да трпат селаните? Дури ни беше цапарската општина се правеа улици, канализации, а навечер светеа уличните ламби. Но, откако не' припоија кон битолската оставени сме сами на себе - вели Драги Спировски, жител на Цапари.

Градоначалникот Владимир Талески објаснува дека осветлувањето во Цапари го врши фирмата „Еко-клуб“ од Битола, избрана на тендер, која меѓу другото дава и погребални услуги. Во „Еко-клуб“ тврдат дека дефектот треба да го отстрани „Електродистрибуција“, затоа што во домен на нивната работа не е да вршат смена на кабли за довод на електрична енергија, отворање и поправки на трафостаници.

При последната интервенција во Цапари пред месец и половина, нивните екипи утврдиле дефект на надземен кабел, кој прегорел поради хаварија во локалната пилана. Уште тогаш, на раководството на месната заедница им било сугерирано да поднесат писмено барање до општината Битола, бидејќи се работи за отстранување поголем дефект, при што се потребни и дополнителни инвестициски вложувања.

Отстранувањето на дефектот некои цапарчани го чекаат и со газиена ламба.

(Ж.З.)

http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=D9D92A87B41F064F8609FD839BF74968&arc=1


No comments: