Pages

Saturday, January 10, 2009

Конзервиран живописот на црквата „Света Петка“ во Цапари

www.utrinskivesnik.com.mk

Број 2818 среда, 22 октомври 2008

Конзервиран живописот на црквата „Света Петка“ во Цапари

БИТОЛА - Конечно се реконструира црквата „Света Петка“ во потпелистерското село Цапари по големиот пожар од 1995 година кога целосно беше уништена. Екипи на Завод и музеј - Битола во последните три месеци работеа на конзервација на ѕидното сликарство во храмот.

,,Огнот целосно го уништи ентериерот и покривот. Благодарение на населението се направи реконструкција на таванскиот дел и нов иконостас во резба. Остана недовршена работата со ѕидното сликарство кое, исто така, претрпи огромни штети. Малтерот го загуби сврзливото својство и постоеше опасност целосно да биде уништено“, изјави Ристо Палигора, историчар на уметноста во Завод и музеј - Битола.

Проектот за конзервација на живописот опфати површина од 200 квадратни метри. Зафатот го инвестираше Министерството за култура.

,,Со овој проект успеавме да зачуваме од целосно уништување извонреден фрескоансамбл од средината на 19 век какви што не се многу зачувани во Битолскиот регион, но и пошироко во Македонија. (А.Б.)


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9AA9F23CD1473C4F8DE1448CF10BA09B

No comments: