Струдот и снегот денеска не ги спречија цапарчани по неброен пат да ги одбележат, трите денешни празника Обрезение Господово, Свети Василиј Велики и Православна Нова Година. Поради таканаречените Некрстени денови кои траат од Божиќ до Водици, во битолското село Цапари се одржува василичарскиот карневал со кој се верува дека вампирите караконџоли и другите нечисти сили кои се активни во овој период со игра и песна ќе ги избркаат.Безброј маски креирани по секојдневни случувања и настани.Во минатото овој обичај почнувал дури в зори кога се изработувале и осмислувале маските, па од сред село се тргнувало во обиколна низ цапарските улици, денеска карневалот се одржа на четирите раскрсници во селото. Традиција и понатаму живее во Цапари.
„ Карневалот порано се правел под маски од животиснко потекло и кож па во 1919 година кога некои од Цапари заминале во Солун па во јужна Америка и од таму донеле современи маски."- вели Никола Веловски
Карневалот се провлекувал низ годините кога помасовно кога понезабележително. И во времето кога бил забранет во 58мата кога полиција го растури карневалот, не се успело во намерата истиот да згасне.
„ Не се мериме со вевчанскиот карневла каде има преку 3000 жители но со радост кажувам дека оваа традиција веќе 30 години се одбележува во Рокдеј Австралија."- вели Веловски.
Невестата со сејмените, пропратена од чудовишта, ѓаволи, и други маски во улога на сватови тргна низ улиците на битолско Цапари за да ја одбележат како што велат вековната традиција на цапарскиот карневал.
Карневалот е пткако паметам за себе и јас се преправав сега син ми се преправа и внучето кое има само 4 години."- вели Цане Мишевски
Се радуваат што традицијата ја продолжуваат помладите на кои редот е сега предаден.Силниот пискот на зурлата и ударот на тапанот, традиционалните македонски изворни ноти го предводеа орото на маскираните цапарчани кои од долниот крај на селото шетајќи по куќите ги бркаа злите влијанија да не влезат во новата година оние од 12 некрстени денови, собирајќи по некој денар и крадејќи насмевки или страв од помалите се собираат на василичарскиот оган средсело каде веселбата ја продолжуваат преку целиот ден.
Despite being so far away from home, the Caparci in Sydney, Australia have managed to keep the tradition of Babari alive for many years. Thank you Nikola Sepentulevski for uploading this 51 minute long video of this year's celebration! Enjoy! :)
Special thanks to Vesna Krlevska for videotaping and uploading these great clips!
Vasilica denotes the Orthodox New Year and is celebrated on January 14th every year. In the village of Capari, this holiday marks the annual Babari Karneval festival. On this day, the men (and sometimes women) of the village dress up in elaborate costumes and masks and theatrically parade around the village, warding off evil spirits along the way. The tradition always includes men dressed up as a bride and groom leading a traditional Macedonian dance and satirical depictions of current events. Caparci prepare for this day months in advance and always deliver an amazing show. The Babari tradition has only survived in a few villages in Macedonia and is a tourist attraction for the village of Capari every year.
Кризата со гас не го погоди битолскиот регион, но таа беше инспирација за вчерашниот традиционален маскенбал во селото Цапари. Дел од костимите што ги носеа василичарите во ова битолското село беа инспирирани токму од кризата со рускиот гас. На маскенбалот имаше и други маски што го привлекоа вниманието на цапарчани и на гостите.